20:07 - 5 април, 2026

(Фото) Славната пејачка Сабрина Карпентер раскина со актерот, кружат гласини дека ја изневерувал

Една од најпознатите поп пејачки на денешницата, Сабрина Карпентер (25) и познатиот актер Бери Кеоган (32) раскинаа по една година врска, објави магазинот „Пипл“.

Според информациите, извор близок на парот ја открил причината за паузата, велејќи дека и двајцата се млади и фокусирани на кариерата, па одлучиле да ја прекинат врската..

Оваа вест предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а голем број обожаватели не го криеја разочарувањето за крајот од нивната романса.

„Срцето ми е скршено“, „Ова е тажно да се слуша“, „Ова не го очекував“, напишаа фановите на Икс.

Неколку од нив истакнаа дека и двајцата можат да најдат подобри партнери, а други веќе го очекуваат албумот на Сабрина на тема скршено срце. Сепак, многумина шпекулираат дека сето тоа е предизвикано од неверството на Бери.

Имено, на интернет веќе некое време кружат гласини дека Кеоган ја изневерувал Сабрина со „русокоса девојка, мошне популарна инфлуенсерка од ЛА“. Некои шпекулираат дека тоа е тиктокерката Бреки Хил, која сподели неколку видеа на тема раскинувањето на Сабрина и Бери.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Breckie Hill (@breckiehill)

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....