21:55 - 2 април, 2026

(Фото) Северина „згрми“ во мини тексас фустан и ги покажа долгите нозе: „Не би те заменил за двe од 25!“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (52) со последното издание покажа дека пониските температури не ѝ се пречка и дека нема да го жртвува својот стил поради постуденото време. Таа на својот Инстаграм сподели неколку фотографии на кои нејзините нозе се во преден план.

„Замислувам дека е плус 35 и сосема сум океј…“, напишала Северина покрај фотографиите.

На фотографиите таа позира во краток тексас фустан од брендот „Ма маниа“. Комбинацијата ја надополни со бунда од кафеаво вештачко крзно. Северина со ова издание успеа да ги спои класичните и модерните парчиња, создавајќи модна комбинација што привлекува внимание.

Темносиниот тексас фустан на комбинацијата ѝ дава опуштен и младешки впечаток, додека кафената бунда носи доза гламур, но и неопходна заштита од студот кога температурите паѓаат. Комбинацијата дополнително ја надополни со бели чевли со високи потпетици и чанта „Ботега Венета“ во иста боја, со што постигна хармоничен и елегантен изглед.

Нејзината објава привлече внимание на многумина и привлече различни коментари.

„Бомба“; „Убавица“; „Еј Севe, сакалa или не, поради тебе пожарникарите со полни раце работа. Нема зима кога ти си во прашање“; „Убава“; „Гледајќи ги овие фотографии чувствувам топлина“; „Совршено“; „Уфф“; „Браво за вкус, дама со стил, свежина, харизма, своја“, „Тексас е секси поради тебе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....