6.8 C
Скопје
04:41 - 31 март, 2026

(ФОТО) Принцезата Шарлен од Монако го врати вереничкиот прстен на рака! НО, САМО ЗА ЈАВНИ ПРИГОДИ 

По долгото отсуство од Палацо Грималди поради здравствени проблеми, принцезата повторно се појави заедно со сопругот Алберто и децата Габриела и Жак. А на прстот од левата рака се појавува познатиот дијамант кој – како и обично – го носи само за специјални прилики!

Трикаратен дијамант исечен во форма на круша со сиво златна лента и опкружен со три помали дијаманти. Се вика Тетис и тоа е прстенот што Алберт од Монако го нарачал за да ја побара раката на Шарлен Витсток. Уникатно и персонализирано парче, со непроценлива вредност, кое принцезата обично го носи само за специјални пригоди.

Така, по повод на првиот јавен настан по здравствените проблеми, поранешната пливачка реши да го покаже свршеничкиот прстен, што секако не остана незабележан од експертите за кралски семејства.

Од друга страна, на церемонијата на доделување на Ф1 наградите во Монте Карло, центарот на вниманието беше свртен кон неа, која по повеќе од една година се врати да присуствува на официјалниот настан.

Таа всушност ја напушти Палатата Грималди во мај 2021 година за добротворни иницијативи во Африка, а потоа остана таму поради извсна опасна болест: Потоа, беше подложена – според верзијата на Палтата Грималди- на две деликатни операции поради отоларинголошка инфекција. Пред минатиот Божиќ, на враќањето во Кнежеството претходеше престојот во клиника во Швајцарија.

твитер
фото – твитер

„Мојата сопруга е многу уморна и има потреба од одмор“, изјави принц Алберт. „Таа мора да се опорави од заморот, не само физички. Штом здравјето ќе ѝ дозволи, таа со задоволство ќе ги продолжи своите институционални должности“.

Во март таа се врати во Монте Карло, за да продолжи со закрепнувањето во близина на близнаците Габриела и Жак: „Тие страдаа од долгото отсуство на нивната мајка“, рече Алберт.

На фотографија со семејството по долгото отсуство (на трката на Формула 1 во Монте Карло), гушкајќи ја својата ќерка, Шарлен го откри скапоцениот прстен пред фотографите. Но, многумина тврдат дека, со оглед на вредноста на прстенот, тој не бил донесен во Африка или во Швајцарија. Детал што ги поттикна озборувањата за брачна криза и неминовен развод.

Гласините веднаш ги демантираше Алберт. „Отсекогаш сме биле блиско семејство“, рече принцот неколку пати. Многумина, гледајќи ги кадрите од минатиот викенд, продолжуваат да тврдат дека Шарлен изгледа уморно, сè уште далеку од добра форма. Она што е сигурно е дека саботата за неа – и за целото кралско семејство – беше посебна прилика: изборот да го носи свршеничкиот прстен е доказ за тоа.

Шарлин ОФИЦИЈАЛНО разделена од принц Алберт: Разводот, сепак, не е дозволен, ова е ТАЖНАТА ПРИЧИНА

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....