20:12 - 31 јануари, 2026

(Фото) Ова се родителите на Жељко Јоскимовиќ: На мајка му не ѝ исполнил една желба, а татко му никогаш не се појавува

Жељко Јоксимовиќ со години е на јавната сцена и тоа на самиот врв, а приватниот живот успева во голема мера да го сокрие од јавноста.

Сите ја знаат сопругата на Жељко, водителката Јована Јоксимовиќ, како и неговиот брат Саша, кој е успешен актер, а неговите родители не сакаат јавно да се експонираат.

Имено, неговиот татко Бранислав и мајката Весна му биле најголема поддршка во текот на сите овие години, но за тоа време неговата мајка проговорила само неколку пати.

– Сакав да биде диригент. Тоа беше моја желба. И тој може да го прави тоа. Во него тлее. Тој е полн со изненадувања и живее за да се изненади себеси. Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина – изјавила еднаш Весна за „Ексклузив“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Joksimovic (@zzeljko)

Преку својот Инстаграм профил во 2019 година, пејачот им честиташе на родителите 50 години брак, а тоа беше единствена можност луѓето да видат како изгледа неговиот татко, додека за мајка му се пишуваше дека се занимава со некој бизнис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Joksimovic (@vesnagjoksimovic)

Јоксимовиќ еднаш истакна дека неговите родители жртвувале сѐ за неговиот успех.

– Моето семејство страдаше поради мојата кариера и мојот напредок. Кога започнав средно музичко училиште, наставничката што ми ги држеше часовите рече дека мора да има посебна хармоника на нејзиното биро: „морино 6“, хорника, за да може воопшто да почне да работи со ученик. Таа хармоника чинела 19.500 марки. Богатство за нас. Бидејќи немавме толку пари, тато мораше да земе кредит, да се задолжи, за да ми купи хармоника. Јас сум им благодарен за сето тоа. Сè што имам им должам – изјавил Јоксимовиќ за „Информер“.

Слични објави

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....