11:04 - 23 јануари, 2026

(Фото) Ова е сопругот на Ведрана Рудан: Многу е помлад од неа, успешен во бизнисот, сега ѝ е поддршка во борбата со болеста

ведрана рудан

Хрватската писателка Ведрана Рудан често отворено зборува за својот приватен живот, а она што малкумина го знаат се деталите од нејзиниот емотивен живот.

Имено, Ведрана била двапати мажена, а во првиот брак претрпела малтретирање за што во една прилика и зборувала.

Како што истакнала, биле во брак 14 години и добиле две деца, ќерката Асја и синот Славен, биле многу заљубени, но сè пукнало.

– Првиот маж кој ги исполнуваше естетските критериуми, рамениците толкави, колковите толкави, косата таква, насмевка волшебна, такви очи, па, ти си тој. Другите сигнали не сакав да ги видам. Мојот прв маж беше мојот татко, само во поинаква форма и многу полош, многу поперфиден, поитар. Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе, сигурен психопат. Бев збунета како и сите злоставувани жени, бидејќи денес те тепа, а утре ти носи букет цвеќе и ти вели: „Немој да ме провоцираш, па сè ќе биде во ред“ – раскажала своевремено Ведрана.

Уште додека била во брак запознала помлад адвокат и со него се впуштила во романса, по што се развела. Без влакна на јазикот раскажала дека никогаш не била среќна во првиот брак, а со вториот партнер научила многу.

Нејзиниот втор сопруг е осум години помладиот адвокат Љубиша Драгељевиќ, со кој сè уште е во хармоничен брак и живеат во Риека.

– Љубиша ме научи на толеранција. Ме промени на подобро. А моите деца се многу пообразовани од мене. Славен има прочитано илјадници книги, а Асја зборува четири јазици, но јас сум лош ученик. Немам повеќе време да учам. Меѓутоа, децата со своето раѓање ми покажаа дека постои безусловна љубов. Што и да прават, јас би застанала покрај нив. Не, се разбира, зад постапката, но сигурно зад нив – рекла своевремено Рудан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Слични објави

Сите детали од спогодбениот развод на Карлеуша и Душко: Покрај алиментацијата, Тошиќ мора да уплати 10.000 евра годишно за летување

E.A.

Преслава од Тајланд упати емотивна порака до сите обожаватели: „Вие сте моето семјество“

E.A.

Едита Арадиновиќ реагираше на своја стара фотографија направена пред сите операции: „Среќа што имам пари“

E.A.

Дневен хороскоп за 23 јануари: Одличен ден за нови проекти и идеи

apostolova

(Фото) Погледнете ја секси сопругата на Горан Иванишевиќ, во бикини на минус температури!

Еспресо

Познати местото и времето на погребот на Сенка Велетанлиќ

E.A.
Се вчитува....