7.8 C
Скопје
00:03 - 31 март, 2026

(Фото) Оливија Кулпо е бремена! Поранешната Мис Универзум го чека првото дете

Оливија Кулпо, поранешната Мис Универзум и ѕвездата на НФЛ Кристијан МекКафри ќе станат родители. Среќната вест Оливија ја објави на својот инстаграм-профил, споделувајќи видео и серија црно-бели фотографии.

„Следното поглавје, мајчинството“, напиша таа покрај фотографиите на кои позира во лелеав фустан, а на кои се гледа трудничкиот стомак.

Во видео објавата, пак, парот се држи за раце и оди низ поле, а Оливија носи прекрасен бел фустан и каубојски чизми, кои совршено го надополнуваат нејзиниот труднички стомак. Кристијан, исто така, гордо ги покажа снимките од ултразвукот во видеото.

Веста воодушеви бројни фанови и следбеници, кои на парот упатија честитки и најдобри желби.

Оливија била искрена и за нејзините стравови поврзани со плодноста. Во една епизода од 2022 година од реалното шоу „Сестрите Кулпо“, таа откри дека ги замрзнала своите јајцеклетки.

„Одлучував од страв за иднината. Имав голем притисок врз мојата врска поради плодноста. Таа додаде дека замрзнувањето на нејзините јајцеклетки е „осигурителна полиса“ дека ќе може да има деца кога ќе дојде вистинско време за неа и за Кристијан. Таа објасни дека проблемите со плодноста можат да влијаат на зачнувањето на различни начини.

Оливија и Кристијан се венчаа во Воч Хил, Род Ајленд, по пет години врска. Нивната љубовна приказна започна во јуни 2019 година, а нивната врска јавно ја потврдија на Денот на вљубените 2020 година. Оливија во изјава за „Вог“ откри дека бракот за нив бил „завет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....