19:24 - 5 април, 2026

(Фото) Новиот стан на Вики Миљковиќ во Белград на вода „пука“ од луксуз: Стаклени ѕидови, раскошни парчиња мебел и вредни детали

Пејачката Вики Миљковиќ поседува три луксузни апартмани во елитниот комплекс Белград на вода, а сега заврши уште еден и се пофали со него на социјалните мрежи.

Имено, откако ја продале својата куќа на Бежанијска коса, Вики и нејзиниот сопруг Ташкет инвестирале во новоизградениот комплекс и купиле неколку имоти, но почнале и со препродажба на станови. Таа сега реновирала еден од становите што ги поседува за потребите на нејзината градежна компанија.

Раскошни парчиња мебел во целосно стаклена зграда, со огромна тераса, а инвестициската цена се проценува на повеќе од половина милион евра. Покрај терасата, Вики покажа и дел од станот каде собите се разделени со стаклени ѕидови, има огромна трпезариска маса и голем видео бим.

Инаку, еден од становите кои ги поседува има и џакузи на терасата, а како што велат, оние кои биле во становите велат дека се исклучително луксузно опремени, па се проценува дека инвестицијата била ни помалку ни повеќе од 1.500.000 евра.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....