7.8 C
Скопје
23:24 - 30 март, 2026

(Фото) Никој не го очекуваше ова! Десингерица во емисија се појави во костум, среден како вистински господин

Српскиот водител Огњен Амиџиќ ги угости Радиша Трајковиќ Ѓани и Драгомир Деспиќ Десингерица на самиот почеток од новата сезона на неговото шоу „Амиџи шоу“.

Амиџиќ најпрвин им најави на гледачите дека во следната емисија ги очекуваат голем број изненадувања и новитети, а потоа се сврте кон Десингерица и во таа прилика му рече дека не може да биде толку лежерно облечен во студио и дека мора да ја пресоблече неговата облека.

– Во мојата емисија не можеш да бидеш така облечен! – јасен беше Амиџиќ.

– Ти реков дека не можам да го правам тоа, можам да те почитувам во се, но не можам да те почитувам ако дојдам облечен онака како што не се чувствувам во тој момент. Воопшто ја немам таа гардероба – одговори Деспиќ.

– Ќе го замолам Ѓани убаво да те облече, за сите да видат како се облекува оваа сезона – рече Амиџиќ, по што Ѓани и Десингерица заминаа во соблекувалната.

Не долго потоа, Ѓани го донесе Десингерица, кој беше облечен во црн костум, кој ги остави сите без зборови. Деспиќ носеше црно палто, како и кошула и панталони во иста боја. Дополнително, тој сепак одлучи да ги држи патиките на стапалата, што малку го одземало целиот изглед.

– Погледнете колку подобро му изгледа оделото – рекол Огњен.

– Ова палто не оди со патики – повтори Десингерица.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....