11:33 - 15 ноември, 2026

(Фото) Наташа Беквалац и нејзиното семејство заминаа во Дизниленд: „Богатството не е секогаш злато или сребро“

Наташа Беквалац, со ќерките, сестрата Кристина и нејзините деца, отпатува во Дизниленд за да ги прослави родендените и на дизајнерката и на нејзината ќерка Хана. Таа преку социјалните мрежи редовно споделуваше различни детали од времето поминато таму со своите фанови, а веднаш на роденденот на Кристина, пејачката ѝ се обрати со емотивна порака.

– Денеска ѝ е роденден на мојата поубава, посилна, подобра половина, која ме прави цела. Ти си мојата суперсила, ти си мојата љубов, мојот најдобар пријател, ти си чувар на секоја моја тајна, ги знаеш сите мои темни страни. Ти си богатството на мојот живот, само ти знаеш да танцуваш со мене. Ти благодарам што чекориш низ овој живот заедно со мене, не можев да имам подобро друштво – напиша Наташа покрај нивната заедничка фотографија.

– Те сакам, родена моја Кико – заклучи таа, со емотикон на срце.

За два дена, инаку, полнолетството ќе го прослави нејзината постара ќерка Хана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

На фотографиите од паркот во Дизниленд кои ги сподели на својот Инстаргам профил таа напиша: „Богатството не е секогаш злато или сребро“

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....