16:30 - 5 декември, 2025

Најубавата Србинка живее во стан од 400.000 евра: Се омажила за моќен маж, а поради лоша естетска операција ја изгубила работата како модел

Кога гламурот на модната писта и светот на финансиската моќ ќе се спојат, резултатот е живот како бајка. Српската манекенка Дејана Живковиќ денес ужива во луксузот за кој сонуваат многу жени – раскошен стан, богат сопруг и секојдневие кое изгледа како она од најскапите списанија.

Манекенката Дејана Живковиќ ужива во луксузен семеен живот со својот сопруг Филип Симовиќ, успешен бизнисмен со кого има две деца.

Нивниот живот во престижен дел од Белград зрачи со гламурозна удобност, додека деталите од нивниот дом и секојдневието често се предмет на коментари на социјалните мрежи.

 


Семејството Симовиќ живее во една од најексклузивните згради во главниот град – во комплекс каде што и Новак Ѓоковиќ има стан, а цената по квадратен метар достигнува до 3.500 евра. Нивниот луксузно опремен стан се простира на околу 100 квадратни метри, а според наводите на српските медиуми, тие инвестирале речиси 400.000 евра во неговото уредување.

Ентериерот зрачи со елеганција – доминираат црно-бели тонови, модерни парчиња мебел и беспрекорна естетика на ненаметлив луксуз. Белите и сивите завеси дополнително ја нагласуваат прозрачноста на просторот, додека дневната соба одразува софистициран стил без вишок детали.

Посебно внимание е посветено на детската соба – ведро декориран простор исполнет со играчки и шарени тапети со мотиви од омилени цртани ликови, со кои родителите сакале да создадат топла и разиграна атмосфера за децата.

Филип Симовиќ, сопруг на Дејана Живковиќ, е син на покојниот Драган Симовиќ – поранешен советник на Ивица Дачиќ, кој почина по тешка болест во мај 2023 година.

Филип, и самиот успешен претприемач, поседува теретана во Белград и се смета за еден од најбогатите млади мажи во градот. Тие живеат во модерна зграда во Нов Белград во друштво на бројни познати соседи, вклучувајќи ја и пејачката Марија Шерифовиќ.

 


Дејана не крие дека нејзиниот сопруг ги исполнува сите нејзини желби, па дури и каприци.

Инаку, Дејана поради лоша пластична операција, ја изгубила работата како манекенка.

– Имав желба сè да пробам, мислев дека мојата природна убавина не ми е доволна. Прво отидов да си ги направам усните, ми се допадна сè што беше ново. Меѓутоа, се случи грешка, тоа очигледно беше намерна грешка. Со задоволство би ја тужела, но немам докази. Јас мислам дека не мора секогаш да бидам сечија карма. Поради мојата докторка ги губев ангажманите во манекенството, од многу агенции добив не, не, не  – рекла Дејана.

 

 

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....