10.8 C
Скопје
10:18 - 24 март, 2026

(Фото) Милош Биковиќ само по бањарка: Актерот ги покажа тетоважите, а со своето извајано тело го воодушеви понежниот пол

Српскиот актер Милош Биковиќ често споделува моменти од својот приватен живот со своите следбеници на социјалните мрежи. Овој пат, тој реши да ги воодушеви припадничките на понежниот пол со фотографии додека ужива во својот одмор и покажа нешто што јавноста нема можност да го види во друга прилика.

Имено, актерот предизвика вистинска бура со својата нова објава. Позираше покрај базенот од хотелот каде што престојува. Паузите од снимањето ги искористи за да ужива во спа-центарот, а огромната тетоважа на грбот го привлече вниманието на многумина.

– Поминав повеќе од една недела на ова место на моќ, прекрасно време! Често забораваме на потребите на нашето тело, го оптоваруваме, па дури и го преоптоваруваме… Детоксикација, здрава храна, многу вода, масажи, вежби, пливање! Си заминав освежен и одморен, исполнет со сила и енергија. Планирам да го правам ова еднаш или двапати годишно – напишал актерот, а коментарите на обожавателите не изостанаа.

Да потсетиме, Милош Биковиќ стана татко неколку дена пред неговиот 36-ти роденден. Тој ужива во бракот со прекрасната Ивана Малиќ, со која го има синот Василије.

Слични објави

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova
Се вчитува....