02:04 - 6 април, 2026

(Фото) Марија Шерифовиќ со гала прослава за 1. роденден на синот: Мајката и малиот Марио во ист костум

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ пред неколку дена го прослави 1. роденден на нејзинот син Марио.

Гордата мајка често објавува фотографии и видеа од својот син, како и смешните моменти кои успева да ги долови, па така и овој пат објави фотографии од забавата што ја приреди за оваа убава пригода.

Имено, Шерифовиќ направила интимна прослава за најтесниот круг на блиски луѓе, а на својот инстаграм-профил сподели фотографии со синот и ги воодушеви сите.+

„Малечко мое, ајде јас и ти лесно во втората година. Годината на најголемите промени е зад мене. Првенствено емотивни. Да ми кажеше некој дека може толку да се сака – ќе му кажев дека не е нормален! Семејство, кумови, пријатели, колеги – ви благодариме за честитките! Ве сакаме“, напиша Марија во описот на објавата каде позира со синот во рацете.

Марија и нејзиниот син беа исто облечени и за оваа прилика носеа зелени костуми. На многумина им се допадна и детската торта која беше украсена со цртани мотиви.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....