09:04 - 3 април, 2026

(Фото) Лицето на синот на Драгана Мирковиќ повеќе не е исто: Промената е евидентна, а девојките се воодушевени 

Синот на српската пејачката Драгана Мирковиќ на социјалните мрежи објави фотографија од ресторан, која предизвика бурни реакции кај понежниот пол.

По неверојатната трансформација, синот на Драгана има нов изглед за кој се нижат коментари на социјалните мрежи.

Добро е познато дека Марко Бијелиќ е еден од најпосакуваните ергени, особено по неговото појавување на концертот на Мирковиќ во белградска Арена, што предизвика вистинска бура од позитивни коментари.

Како што Марко неодамна покажа на социјалните мрежи, пуштил брада и мустаќи, а припадничките на понежниот пол останаа без здив.

Судејќи по реакциите, девојките кои го следат се воодушевени, додека една се пошегувала цитирајќи го филмот „Зона Замфирова“ – „А мустаќи, а женидба!“.

Да потсетиме, Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ решија да стават точка на бракот по повеќе од две децении.

Според последните објави на нивниот син Марко, може да се заклучи дека разделбата не му паднала лесно, а тој неодамна објави на социјалната мрежа Инстаграм:

– Го загубив животот, ја загубив љубовта, го загубив семејството. Знаеш тоа е животот, не победуваш постојано. Тоа се победи и порази, па се борите со тупаниците… На крајот само додал: „Му благодарам на Бог за сѐ!“

 

 

Слични објави

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.
Се вчитува....