12.8 C
Скопје
12:09 - 28 октомври, 2026

(Фото) Каја Остојиќ искеширала 200.000 евра за бесно возило

Пејачката Каја Остојиќ неодамна уживаше во Америка, кога ја посети својата ќерка, а по враќањето откри како се оддалечила од градската гужва и се преселила во природа.

Како што објавија медиумите, таа потрошила дури 80.000 евра за таа куќа, а сега сподели слика од својот луксузен автомобил.

Таа сподели фотографија од црвен автомобил, марка „BMW“, а моделот за кој станува збор е XM G09. Станува збор за електричен џип, а цените на новото возило од салонот почнуваат од 200.000 евра, во зависност од пакетот и моќноста на моторот.

Она што привлекува најголемо внимание е тоа што пејачката избрала возило во впечатлива црвена боја.

Да ве потсетиме дека пејачката доживеа мала несреќа кон крајот на минатата година, а во таа прилика го оштети автомобилот со силен удар.

– Ова ми е второ снимање за денес, но стигнав… стигнав и да ја удрам колата. Малку ја изгребав, но ништо страшно. И мене ме гребат, па ништо – откри Каја тогаш во емисијата „Амиџи шоу“.

Слични објави

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.
Се вчитува....