09:16 - 20 ноември, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ емотивно му се обрати на поранешниот сопруг: „Твојата втора сопруга и ангел чувар!“

Водителката Јована Јеремиќ повторно ги изненади своите следбеници со емотивна објава посветена на нејзиниот поранешен сопруг Воислав Милошевиќ, овој пат по повод неговиот роденден.

На својот Инстаграм профил, Јована упати јавна честитка до човекот со кого ја има ќерката, Леа, и кој, како што вели, „засекогаш ќе остане важен дел од нејзиниот живот“.

– Денес се роди мојот прв сопруг, човекот кој ми ја даде Леа и ми го обои животот со бои на виножитото уште од мали нозе. Немавме ништо кога се запознавме, но имавме чиста љубов која ја роди Леа. Среќен роденден, благодарам за сè. Знам колку вредиш, што препознав во 2017 година и знам што те чека. Ќе видиш – напиша Јеремиќ и додаде емотивна посвета:

– Твојата втора сопруга, твојот вечен пријател и ангел чувар – заврши таа.

Јована, која неодамна ја раскина врската со бизнисменот Драган Станковиќ, повторно се најде во фокусот на јавноста поради можното помирување со нејзиниот поранешен сопруг, за кое медиумите сè повеќе шпекулираат.

Во неколку наврати, таа нагласи колку многу ѝ значи Воја, не само како татко на нејзиното дете, туку и како човек кој целосно ја разбира:

– Воја и јас сме најдобри пријатели. Тој е човек кој ме разбира целосно – духовно и интелектуално. Единствениот човек кој ме познава од почеток до крај и ме држи во својот мал прст – откри таа во емисијата „На линијата за живот“.

Слични објави

Кремасто задоволство со вишни и чоколадо — рецепт за торта без печење

К.С.

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искористете го денот за донеување на важни одлуки, но бидете внимателни

apostolova

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо
Се вчитува....