20:09 - 5 април, 2026

(Фото) Исплива шокантна фотографија од Ана Ивановиќ среде гласините за развод: Малкумина знаат дека таа снимила песна, а еве за што станува збор

Ана Ивановиќ, поранешна тениска шампионка и една од најпопуларните спортистки од овие простори, со години ја интригира јавноста не само со својот спортски, туку и со својот приватен живот.

И додека во последните денови сè повеќе се шпекулира за нејзиниот наводен развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, една фотографија од минатото повторно стана вирална и покрена лавина коментари.

Имено, фотографија од Ана стара 12 години во музичко студио – со слушалки на главата и микрофон пред неа, во друштво на музичари – повторно кружи на социјалните мрежи.

Јавноста долго време шпекулираше за што станува збор, сè додека нејзиниот колега Дарен Кејхил не откри за што всушност се работи.

Ана во 2013 година снимила песна заедно со колеги спортисти, како дел од кампањата за еден познат спортски бренд, чиј амбасадор била во тоа време. Песната била дел од промотивната кампања, а Ана уште еднаш покажала колку е сестрана.

Во меѓувреме, Ана Ивановиќ продолжува да привлекува внимание со секое свое појавување. Таа неодамна беше на престижен настан во Франција, каде што ги остави сите без здив, но не само поради својот изглед.

На нејзината рака блескаше луксузен рачен часовник чија цена достигнува вредност колку луксузен стан. Иако не е познато дали станува збор за подарок или за лична инвестиција, часовникот веднаш го привлече вниманието на светските и регионалните медиуми.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....