23:07 - 5 април, 2026

(Фото) Ирина Камилоска го прослави роденденот: Доби емотивна честитка од нејзиниот сопруг Павле

Планинарката Ирина Камилоска, сопруга на пејачот Павле Камилоски, го прослави нејзиниот роденден. А, по тој повод на социјалните мрежи таа доби честитки од нејзините најблиски личности.

Иако не откри како го поминала роденденот, но перидов со семејствотот таа беше на Галичник. Ирина на својот инстаграм-профил сподели фотографии со кои пријателите ѝ посакаат убави желби за нејзиниот роденден.

Меѓу големиот број честитки јавно ѝ честиташе и сопругот Павле Камилоски, кој сподели фотографија од двајцата, на која се модно усогласени. Исто така, таа доби и емотивна честитка од најдобрата другарка Едина Муса, која потенцираше дека заедничката желба да станат мајки веќе им се остварила.

„Среќен роденден љубов моја. Те сакам“ – напиша Павле покрај фотографијата.

„Годинава заедничката желба ни стана реалност, заедно да си бидеме мајки во исто време. Како што ни се оствари оваа желба, ти посакувам и сите останати да ти се исполнат. Пресреќна сум што овој живот го делам со тебе. Биди ми најсреќна“ – пишува во честитката на Едина Муса.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....