13:46 - 11 ноември, 2026

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Во домот на српската водителка Сања Маринковиќ, која со поранешниот сопруг Александра Ухрина го има синот Страхиња, вчера имаше голема прослава.

Нејзиниот син на 19 декември наполни 17 години. Сања во оваа прилика се огласи на својот инстаграм-профил каде објави моменти прославата. Имено, таа сподели како изгледа тортата во семејниот дом, а потоа и од моментот кога небото беше осветлено со огномет.

Водителката јавно му го честита роденденот на својот син.

– Среќен роденден на мојата најголема љубов – напиша Сања.

Инаку, Сања неодамна зборуваше за разводот и за поранешниот сопруг кој не изрази сочувство кога почина нејзината мајка.

– Се разделивме како брачни партнери, но не како пријатели и родители на Страхиња. Ја добив пораката дека сум официјално разведена на Бадник, додека бев со моите пријатели и нашите деца во Дубаи. На него пишуваше „Честитки, сега сте официјално разведени“. Одамна решивме да се разделиме кога ни стана јасно дека љубовта почна да избледува, дека желбата за внимание и бакнежи исчезна – откри тогаш водителката.

Слични објави

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.
Се вчитува....