10:31 - 7 април, 2026

(Фото) Еве како Николина Пишек ја уреди вилата од 2 милиони евра! Водителката пазела на секој детаљ, на ѕидовите има голема слика и од Тито

Николина Пишек пред неколку месеци се всели во луксузната вила во Загреб, која целосно ја реновираше. Таа на својот инстаграм-профил редовно објавуваше како течат работите, но и вселувањето, а сега покажа и како изгледа внатрешноста на куќата која на пазарот на недвижности во Хрватска се проценува на околу два милиони евра.

Николина ја купи оваа вила заедно со нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, кој за жал почина на 8 мај 2022 година. Водителката сега ги снимаше новите детаљи и растенија со кои го уредила просторот.

– Пристигнаа нови жители. Се надевам дека ќе бидам добар негувател. Никогаш не сум имала толку големи растенија – напишала Николина.

На видеата се гледа како таа го уредила својот луксузен дом. Инаку, нејзиниот дом е 1.600 метри квадратни, со простран двор во кој има и базен.

Вилата ја уредила по нејзина замисла, а забележливо е дека на ѕидовите има големи слики, меѓу другото има и портрет на Јосип Броз Тито. Претходно таа ја снимаше и бањата во која има розова тоалетна школка.

Слични објави

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо
Се вчитува....