05:17 - 6 април, 2026

(Фото) Ексклузивни фотографии од Јелена Розга и Иван Хуљиќ! Вљубениот пар се држи за раце во Будимпешта

Иако за нивната љубов се пишуваше уште пред десетина години, досега никој не успеал заедно да ги фотографира вљубените во поинтимна поза, која би покажала дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Како што прво напиша „Курир“, хрватската пејачка Јелена Розга и Иван Хуљиќ, син на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, ја обновиле љубовната врска пред повеќе од една година и уживаат во својата романса далеку од очите на јавноста.

Јелена и Иван се споиле додека работеа на нејзината песна „Од чега сам ја“, а Иван бил покрај неа во текот на нејзините концерти во декември и јануари во белградскиот Сава центар. Тој во тоа време седел во публиката за да не привлекува медиумско внимание.

Папарацо на „Курир“ летово ги фотографирал Јелена и Иван во текот на романтичната прошетка во Будимпешта, каде го поминале викендот. Цело време шетале низ главниот град на Унгарија, држејќи се за рака и не криејќи ги емоциите мислејќи дека никој не ги забележал.

– Јелена и Иван често патуваат заедно, по неколку дена, секогаш кога им дозволуваат обврските. Тие беа и во Париз, а како што можете да видите, летово беа и во Будимпешта. Се трудеа да бидат незабележителни и се однесуваа како секој нормален човек. Се држеа за раце цело време додека одеа и се бакнуваа. Изгледаа навистина заљубени. Прекрасна двојка, од километар се гледа дека се вљубени – рекла соговорничка за „Курир“.

Фотографиите можете да ги погледнете – ТУКА.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....