21:33 - 5 април, 2026

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

Блага Петреска објави емотивен спомен за драга личност која не е веќе помеѓу нас, објавувајќи стара фотографија.

Станува збор за легендарниот Гоце Николовски, а на сликата, Блага е на насловна страница на ревијата „Екран“ со него и со Сузана Спасовска. Сликата е објавена на 5 април во 1990 година.

Фото/ Фејсбук

Неодамна, Фејсбук-страницата „ВБУ музички регистар“ објави слика од семејниот албум на Гоце Николовски, која била објавена во некогашната ревија „Екран“.

„Тоа се тие, сите заедно, Катерина, Весна со Сандро и Тања со Дадо“, пишува под оваа слика. Инаку, во 2020 година, ќерката на Гоце Николовски потсети дека тој почина на 16 декември 2006 година.

„6 декември. Секоја година на тој ден пишувам колку ми недостасуваш. Тате“, напиша Катерина Николовска на Фејсбук, меѓу другото.

„За мене остануваш најголем. Македонец. И најдобар татко. 14 години недостасуваш, ТС“, напиша Катерина Николовска на Фејсбук во чест на нејзиниот татко тогаш. Гоце Николовски е роден во Скопје во 1947 година. Тој беше еден од најголемите и најпознатите македонски пејачи на народна музика, а меѓудругите хитови ја испеа и безвеменската „Бисе Балкански“.

 

 

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....