08:00 - 9 април, 2026

(Фото) Автопортретот на Џони Деп излезе во продажба

Автопортрет на Џони Деп, насликан во времето кога холивудската ѕвезда беше во судска битка против поранешната сопруга Амбер Херд, е пуштен во продажба во четвртокот.

Почнато во 2021 година во студиото на британскиот илустратор Ралф Стедмен, уметничкото дело со наслов Five („Пет“) е довршено оваа година.

„Овој автопортрет е создаден во време кое беше… да речеме, мрачно, збунувачко“, рече Деп.

„Го погледнав и не знам зошто, мислев дека треба нешто друго. Потребни се дополнителни информации… во суштина таму само напишав ‘Пет’ затоа што требаше да влезам во петтата година од лудилото“.

Деп се ожени со Херд, која ја запозна на снимањето на филмот The Rum Diary, во 2015 година. Нешто повеќе од една година подоцна, таа поднесе барање за развод.

Нивната бурна врска беше соголена пред јавноста во две посебни судења.

Минатата година Деп извојува речиси целосна победа на судењето во САД откако поведе тужба за клевета против Херд, која го обвини за семејно насилство. Деп негира дека ја удрил неа или која било друга жена.

Две години претходно, Деп ја загуби тужбата за клевета во Британија против таблоидот „Сан“, кој го нарече тепач на сопругата. Високиот суд во Лондон пресуди дека Деп во неколку наврати ја нападнал Херд. Набргу тој беше исфрлен од спиноф-серијалот на Хари Потер, „Фантастични ѕверки“.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....