13:42 - 8 април, 2026

Еве каде Милица Тодоровиќ ги поминува своите труднички денови: Пејачката избега од Белград, тука го најде мирот

Пејачката Милица Тодоровиќ откри дека очекува бебе, а трудничките денови решила да ги помине во мир и тишина, опкружена со семејството во родниот Крушевац. Поддршката од најблиските многу ѝ значи на Милица, а заедно со нив планира наскоро да оди и на море.

– Милица го одржа својот последен настап на 30 мај, по што реши поголемиот дел од летото да го помине надвор од Белград – малку со семејството во Крушевац, а малку на море, за да се одмори што е можно повеќе. Самите знаете дека таа влезе во музичкиот свет на 14 години и дека речиси и не застана 20 години. Сега конечно реши да направи пауза и целосно да ужива во бременоста – открил извор за „Блиц“.

Како што додава, многу од нејзините колеги не знаеле за среќната вест, па веднаш откако беше објавена бременоста, почнаа да ѝ испраќаат честитки и подароци.

– Од моментот кога се прошири веста дека е бремена, нејзиниот телефон никогаш не престана да ѕвони. Честитки, како и подароци за идната мајка и бебето, пристигнуваат на нејзината адреса секој ден“, додал изворот.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....