9.8 C
Скопје
17:11 - 24 февруари, 2026

Драган Мијалковски со ревијски оркестар на Златна бубамара: Награда за животно дело на музичката легенда

Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената. Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје….

Токму затоа, Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски (74).

Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар „во живо“, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени.

 

Слични објави

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо
Се вчитува....