13.8 C
Скопје
09:16 - 9 октомври, 2026

Додека оделе на погребот на едната сестра, другата загинала во сообраќајка – Тешката судбина на босанската пејачка Јадранка Стојаковиќ, чии песни и денес се омилени во регионот

Босанската пејачка Јадранка Стојаковиќ се прослави со вонвременските хитови кои и денес се слушаат. Што те нема“, „Има нека тајна веза“, „Све смо могли ми“, се само дел од хитовите на Јадранка Стојаковиќ, а многумина не знаат дека животот на пејачката бил обележан со трагедии.

– Мојот живот беше тежок уште од детството. До петгодишна возраст живеев со мајка ми, која се селеше од место на место, потоа се преселив кај баба ми, а потоа за мене се грижеа мојот чичко и неговата сопруга. И тие се селеа низ цела Германија, Норвешка и Шпанија – рече еднаш таа.

Facebook

Кариерата ја започнала настапувајќи во џез клубови во САД, а благодарение на големиот талент стигнала до Јапонија. Сепак, сè било прекинато од војната што се одвиваше во нејзината татковина во деведесеттите години, бидејќи, како што самата велеше, не можела да пее без да знае како е нејзиното семејство.

Во Јапонија поминала 23 години, го изгубила станот во Сараево, а кратко потоа се случила трагедија што ѝ го променила животот засекогаш.

На Јадранка ѝ јавиле дека нејзината сестра починала и таа веднаш отпатувала од Јапонија за да се збогува со неа засекогаш. Кога тргнале на погребот, се случила уште една незамислива трагедија. Во автомобилот што возел пред нејзиниот, во сообраќајна несреќа загинала и нејзината друга сестра.

Со тешки напори, Јадранка некако успеала да продолжи со животот, а потоа во 2010 година, додека излегувала на сцената се повредила, по што ѝ била дијагностицирана болест на моторните неврони или амиотрофична латерална склероза, поради што станала целосно неподвижна.

– Нозете постепено ми откажуваа сè додека не станав целосно неподвижна – изјави таа за „Дневни аваз“ во едно од нејзините последни интервјуа.

Јадранка Стојаковиќ почина на 3 мај 2016 година.

Слични објави

Хороскоп за 9 октомври: Биковите ќе ги покажат своите способности на работното место

Еспресо

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо

Сузана Манчиќ ја објави првата фотографија со внукот – не ја тргна насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Лејла Филиповиќ го прослави 50. роденден на гламурозна забава, ѝ запеа и Петар Грашо

apostolova

Трајче Манев четири децении по победата на „Макфест“ зборува зошто „Осамен“ му е посебна: Тоа е песна што сум ја создал со еден здив

Еспресо

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Еспресо
Се вчитува....