15:57 - 18 ноември, 2026

Девојчето од „ШИНДЛЕРОВАТА ЛИСТА“ сега е во Украина: „Не можете да го замислите овој кошмар во очите на овие луѓе“

Оливија Дабровска беше дете кога стана светска легенда во филмот потпишан од Стивен Спилберг, а денес е на украинската граница за да го поддржи населението.

„Таа отсекогаш била симбол на надежта. Нека биде повторно!“. „Таа“ е Девојката во црвено палто од оскаровскиот филм „Шиндлеровата листа“. Денес тоа палто стана сино, а луѓето околу неа се обоени во жолта нијанса. Симболот на надежта денес е посветена на Украина.

Оливија Дабровска, која повеќе не е тригодишното девојче од Полска, протагонистка на филмот кој ја раскажува приказната за германскиот претприемач кој спасил илјадници Евреи, сега е возрасна жена. Таа има 30 години и избра да биде покрај украинското население како волонтер.

Објавува на социјалните мрежи животни вистини од полско-украинската граница, каде што ги пречекува бегалците кои пристигнуваат, ги снабдува со основни потреби, и им помага да најдат превоз до нивните дестинации.

Во последните денови, Оливија беше во Корчова, граничниот премин најблиску до Јаворов (Јаворив), меѓу градовите бомбардирани од Русите во истите часови кога Оливија беше на лице место.

„Не можам да ви кажам се што видов таму, бидејќи не можам да најдам зборови да го опишам тоа. Некој, кој никогаш не го видел тоа, не може да го замисли овој кошмар во очите на тие луѓе. Се плашам, но ова само ме мотивира повеќе да им помагам на бегалците“, вели Оливија.

Од границата, Оливија Дабровска го започна собирањето средства за поддршка на бегалците и испраќање комплети за прва помош во Лавов, за луѓето кои бегаат и за повредените.

„Секоја ситница помага: ни требаат материјални и финансиски донации, можете да волонтирате и лично да помогнете. Ситуацијата е драматична. Јас го гледам тоа со свои очи “, заклучува таа.

 

Слични објави

Даниела Мартиновиќ за 20-годишната врска со Петар Грашо и врската со семејството Хуљиќ: „Вјекослава ми беше како мајка, а сега ја пронајдов среќата со Јосип“

E.A.

(Фото) Шехерезад во лежерно издание: турската актерка прошета низ Лондон во зелена јакна и црвена капа

Еспресо

Животната приказна на Светлана Цеца Бојковиќ: Славната актерка храбро ја следеше љубовта и им пркосеше на тогашните општествени норми

E.A.

Омилениот прилог за домашниот ручек — рецепт за кремасто пире со путер и млеко

К.С.

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.
Се вчитува....