12.8 C
Скопје
18:29 - 14 март, 2026

Црна Гора објави кој ќе ги замени „НеоноеН“: Оваа пејачка ќе ги претставува на Евровизија 2025

На официјалниот инстаграм-профил на „Монтесонг РТЦГ“ е објавен новиот победник на „Монтесонг“, односно претставникот на Црна Гора на Евровизија 2025.

– Нина Жижиќ со песната „Welcome“ ја претставува Црна Гора на Евровизија 2025 во Швајцарија! Со среќа! Радувај се, насмевни се, а подготовките ќе започнат наскоро – стои во описот на објавата.

 


Да потсетиме, на „Монтесонг“ победи рок групата „НеоноеН“, со песната „Clickbait“. Четворицата кои го сочинуваат овој бенд требаше да ја претставуваат Црна Гора на претстојниот Избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Базел, Швајцарија во 2025 година, но тие се откажаа од натпреварувањето.

Преку социјалните мрежи се огласија и открија зошто се повлекуваат од натпреварувањето.

– Почитувани, во најдобар јавен интерес, со желба да ставиме крај на неизвесноста и уште еднаш да придонесеме за музиката за која сме тука на прво место, ве известуваме дека доброволно се откажуваме од учеството на Евровизија. Според прописите, РТЦГ ќе избере друг претставник, а ние први ќе му посакаме среќа и ќе му пружиме целосна поддршка – напишаа членовите на групата „НеоноеН“ и додадоа:

– Победата на Монтесонг ни донесе публицитет, чиј тип и обем не го избравме, ниту можевме да го контролираме. Забележуваме, а фактите тоа го потврдуваат, дека изведбата во живо на работната верзија на песната не го загрози самиот фестивалски процес во „Монтесонг“, ниту можеше да влијае на неговиот конечен исход и нашиот пласман. Исто така, факт е дека имаше многу слични примери и дека ЕБУ секогаш одлучуваше тие песни да можат да учествуваат (една дури и победи на Евровизија), бидејќи немаа конкурентска предност пред другите, што на сите им е јасно. Сепак, едноставно не сакаме да бидеме дел од какви било приказни надвор од музиката, ниту на тој начин да ја промовираме сопствената работа. Евровизија никогаш не ни била цел сама по себе – рекоа од бендот.

Да потсетиме, голем проблем настана кога беше откриено дека песната „Clickbait“ во изведба на групата „НеоноеН“ веќе била испеана на „Жабјело културен фестивал“, што е спротивно на правилата за учество на „Евровизија“.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....