8.8 C
Скопје
09:41 - 31 март, 2026

ЦИА ја објави загатката во 2020 година, а луѓето сè уште се расправаат за неа. Го знаете ли одговорот?

ЦИА, Централната разузнавачка агенција, објави загатка на Твитер пред две години и ги предизвика следбениците да ги тестираат своите аналитички вештини.

На фотографијата која ја објавија се гледа комплекс кој личи на хотел, неколку куќи во низа и паркирани автомобили. Се гледа и дека станува збор за зимски период од годината бидејќи улиците се покриени со снег. Прашањето е: „Колку е часот на фотографијата?“, а понудените одговори се 7, 11 и 15 часа.

Иако загатката беше објавена во 2020 година, таа сè уште е предмет на дискусија меѓу корисниците на Твитер, а одвреме-навреме се појавуваат нови коментари и заклучоци. Досега, објавата собра повеќе од 16.000 одговори во истражувањето.

Twitter

Подолу ќе го најдете точниот одговор. Не читајте повеќе ако сакате да размислувате и да се обидете да одговорите на прашањето.

Многу корисници на Твитер се збунети од неколку детали на фотографијата. Прашаа каде во светот е направена фотографијата и дали е Финска, Исланд, Алјаска или Америка. Положбата на сонцето исто така ги збуни.

„Тоа не е фотографија, тоа е 3Д слика. Зошто нема никој на улиците? Зошто тркалата на автобусот се рамни ако се движи? Каде е направена сликата бидејќи јавните светла се вклучени во 7 часот наутро во зима? Ми требаат одговори“, вака гласи еден коментар на Твитер.

Некои влегоа во детална анализа.

„Жолти автобуси = Северна Америка. Десните страни на дрвјата се снежни што ја потврдува хипотезата за местото. Исто така, сонцето изгрева на исток, а сенката на дрвјата, зградите и планините укажува дека е утро”, „Не постои начин да се открие што е исток, а што запад. Сепак, тешко е да се размислува за изгрејсонце пред 8 часот наутро во зима во северните земји. Во зима, сонцето во Шведска изгрева во 8:36, а заоѓа во 15:06 часот. Во Квебек, изгрејсонцето е во 7:26 часот“.

„Може да биде 15, 11 и 7 часот наутро. Некој може да рече дека е 7 часот наутро затоа што на сликата има училишен автобус и многу слаба сончева светлина. Но, не гледам ученици во автобусите. Можеби автобусот точи гориво“. „7 часот наутро е, се уште има јавно осветлување, така што дефинитивно не е 11 ниту 15 часот“, се дел од коментарите.

Во анкетата објавена на Твитер профилот на ЦИА, повеќето одговориле дека е 7 часот наутро (53,1%), по што одговорила и самата ЦИА.

„Многу од вас одговориле точно. Изгледа дека имате око за ова. Можеби треба да ја посетите нашата страница и да се пријавите“, напишале тие.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....