7.8 C
Скопје
01:16 - 24 март, 2026

Бритни Спирс не го поштеди своето семејство: Пејачката испрати саркастична божиќна порака, им „плесна“ сè во лице

Бритни Спирс објави саркастична порака на социјалните мрежи кон нејзиното семејство, кратко откако нејзината сестра Џејми Лин сподели семејни фотографии од божиќна забава на која пејачката не присуствуваше.

Според „Ти-ем-зи“, Бритни ги поминала празниците со својот помлад син, 19-годишниот Џејден Џејмс. Нејзиниот постар син, 20-годишниот Шон Престон, славел со остатокот од семејството: сестрата на Бритни, Џејми Лин, нејзиниот сопруг Џејми Вотсон и мајката Лин Спирс. Шон Престон наводно морал да остане во Луизијана поради работа и се појавил на семејна фотографија.

Бритни се огласи на својот инстаграм-профил со објава во која пишуваше: „Среќен задоцнет Божиќ на моето прекрасно семејство кое никогаш не ме омаловажило, не ме повредило, не направило ништо сосема неприфатливо или ми предизвикало неверојатна траума – онаква каква што не може да се поправи… на моето драго, мило, невино семејство… Многу ми е жал што бев зафатена овој Божиќ, но дефинитивно ќе се вратам наскоро да ве изненадам… Едвај чекам… поздрав, прекрасна Ајви… само сакам да ве прегрнам, љубов моја… Среќно, пријатели.“

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....