8.8 C
Скопје
04:21 - 10 мај, 2026

Бред Пит отворено за новиот живот и новиот филм: „На глава се фрлам во работите!“

Во насловната приказна на јулско/августското издание на списанието GQ, новинарката Отеса Мошфег го претставува на читателите актерот и продуцент Бред Пит снимен во неговиот дом во Холивуд Хилс. За време на нивниот разговор, Пит е отворен и искрен. Тој зборува за иднината на неговата кариера, различните промени што ги направил за да го подобри своето здравје, но зборува  и за чувството за осаменост. Пит понатаму раскажува за неговите претстојни проекти, вклучувајќи ја и акционата комедија Bullet Train.

Нов филмски проект

Пит е познат како легендарен актер, една од највлијателните личности во Холивуд, можеби најголемиот срцекршач на сите времиња. Во последно време, сепак, малку поспорадично се појавува на филмското платно, фокусирајќи се повеќе на улогата на филмски продуцент. Тој за GQ вели дека се обидува внимателно да размисли за својата иднина и за патот што сака да го следи за следните фази на изобилно креативна кариера.

„Мислам дека стигнав до последниот дел, последниот семестар или квартал. Што ќе каже ова поглавје? Како сакам да го структурирам?“ – вели Пит.

Дел од овој проект ја вклучува и неговата продуцентска куќа, Plan B Entertainment. Оваа година, „План Б“ го продуцира „Жените што зборуваат“, адаптација на романот на Миријам Товс за жените кои се здружуваат против нивните силувачи, во режија на Сара Поли.

„Тоа е длабок филм како ниеден друг снимен во оваа деценија“, рече Пит.

Сепак, и покрај благородните идеали како продуцент и сè поселективен актер, Пит среќно го позајмува својот талент на некој блокбастер кога е вистинското време, а така е и со Bullet Train во режија на Дејвид Лајч. Пријателството на Лајч и  Пит датира од Фајт Клуб во 1999 година, кога режисерот беше каскадер за ѕвездата, улога што Лајч ја играше во неколку филмови, вклучувајќи ги Троја и г-ѓа и г-ѓа Смит. Во филмот, Пит го глуми ликот на Лејдибрд, убиец во возот Токио-Кјото, кој штотуку закрепнал од нервен слом и се враќа на својата високоризична професија со разнишана самодоверба во неговата подготвеност да продолжи со должноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GQ (@gq)

Се откажал од пиење и пушење цигари

Дополнително, Пит раскажува за GQ за неговата мисија да го заштити сопственото здравје. Објаснува дека се откажал од пушењето за време на пандемијата. Иако првично се обидел да ја минимизира количината на пушење, сфатил дека едноставното намалување на цигарите нема да биде доволно – туку дека мора сосема да ги елиминира. „Не можам да пушам само една или две цигари дневно“, вели тој. „Тоа не е дел од мојот начин на постоење. За мене е се или ништо. На глава се фрлам во работите.“.

Ова е една од многуте радикални промени што ги направи во последниве години за да го заштити своето здравје.

Откако Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, тој престана да пие и помина една и пол година во друштво на анонимни алкохоличари.

Слични објави

Тања Бошковиќ призна дека во младоста ги малтретирала колегите: И ден-денес ми е срам за тоа

Т.Ц.

(Видео) Згодната водителка среде пренос доживеа симпатична незгода: „Ова мора да е шега“

Т.Ц.

„Копав компири и кромид“: Нада Топчагиќ откри како го поминала Први мај

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ со шокантна објава за љубовта: „На жената ѝ даваш семе, таа ти раѓа дете“

Еспресо

„Љубовта е над човекот – не е само да се вљубиш, туку да станеш љубов“: Каде е денес турската актерка што ја толкуваше Аси, ликот што обележа една телевизиска ера?

Т.Ц.

Интимен момент на Антонио Бандерас и Мелани Грифит: Овој детаљ открива каков е нивниот однос по разводот

Т.Ц.
Се вчитува....