15:38 - 5 април, 2026

Босанската пејачка се пресели во Дубаи и му стана 23-та сопруга на шеик: Еве што вели таа!

Пејачката (45) се збогуваше со поп-музиката, се пресели во Дубаи и ги шокираше сите со изјавата: „Редовно ги исполнувам моите брачни обврски, тоа ми е прекрасно“.

Контроверзната босанска пејачка Алма Туцаковиќ (45) веќе извесно време живее во Дубаи, а балканските медиуми наголемо пишуваа за наводите дека се омажила за шеик и започнала живот со него, како негова 23-та сопруга. Сепак, вистината се покажа сосема поинаква, пишува српски „Блиц“.

– Што се однесува до естрадата, се збогував со неа. Барем една година. Не сакам повеќе да пеам бидејќи се убедив себеси дека постои и друг, подобар живот што можам да го изградам. Прекрасно е тука. Уживам со својата пријателка, а редовно ги исполнувам и сите мои брачни обврски – рекла Алма своевремено за босанското списание „Експрес“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alma Tucakovic (@alma_tucakovic)


Алма своевремено открила за „Блиц“ дека се преселила во Дубаи, но од шеикот ниту трага ниту глас.

– Луѓето се луди… до шеикот не може да дојде дури ниту неговата родена мајка – изјавилаАлма за „Блиц“ во тоа време и открила дека отишла во Дубаи за да заврши училиште за шминка и менаџмент за да заработи пари.

– Секогаш ми беше желба да се занимавам со шминкање. И завршив многу едукации за шминка и фризура, секако во Дубаи. Покрај тоа, завршив менаџмент и водев салон. Така што ги вплеткав прстите насекаде и еден ден кога ќе отворам свој бизнис ќе ми биде многу полесно. Имам уште неколку работи да завршам и ќе бидам подготвена за сè дотогаш! Сè ќе биде поврзано со убавината и здравјето. Секако, секој процес на градење бара време и многу сум среќна што сè оди како што треба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alma Tucakovic (@alma_tucakovic)


Оваа поранешна пејачка исто така наведува дека се откажала од пеењето затоа што била уморна од честите патувања за настапи.

 

 

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо
Се вчитува....