7.8 C
Скопје
23:03 - 30 март, 2026

„Бора херојски се бори, чекаме добри вести“: Менаџерот на Бора Ѓорѓевиќ ја откри здравствената состојба на пејачот!

Еден од најпознати рокери во регионот, Бора Ѓорѓевиќ, се наоѓа во болница во Љубљана каде е приклучен на респиратор.

Фронтменот на групата „Рибља чорба“ има проблеми со белите дробови, а според последните информации тој е приклучен на респиратор поради компликации.

Но, на социјалните мрежи и во некои медиуми се појавија дезинформации за моменталната здравствена состојба на рокерот.

Сега во оваа прилика повторно се огласи менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ, кој остро реагираше на ваквите натписи на социјалните мрежи:

– Бора Ѓорѓевиќ се наоѓа во Клиничката болница во Љубљана. Тој е интубиран поради компликациите предизвикани од хронична опструктивна болест на белите дробови. Лекарите даваат сѐ од себе за да ја подобрат здравствената состојба, особено бубрезите и црниот дроб. Тој ја добива соодветната терапија, Бора се бори херојски. Се појавуваат и некои натписи, особено на социјалните мрежи, кои не се добри, тие се злонамерни, што во овие моменти кон една легенда, која се бори за живот, не е коректно и не е хумано. Семејството не се огласува, бидејќи освен ова што е изнесено, нема повеќе што да се каже. Сите чекаме добри вести – рекол менаџерот на Бора за српски „Курир“.

Да потсетиме, како што неофицијално дознава „Курир“ од персоналот на болницата во понеделникот, состојбата на Бора сѐ уште е многу сериозна и опасна по живот, а тим од врвни експерти прави сѐ музичарот да излезе како победник од оваа животна битка.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....