8.8 C
Скопје
20:29 - 13 март, 2026

Бора Чорба ќе биде погребан во сабота: Петок е ден на жалост во Чачак

Музичарот Бора Ѓорѓевиќ попознат како Бора Чорба ќе биде погребан во сабота на 7 септември во 14:30 часот на Градските гробишта во Чачак, соопштија од кабинетот на градоначалникот на Чачак.

По повод смртта на музичарот, во петок на 6 септември во Чачак ќе биде прогласен ден на жалост. На тој ден ќе се одржи комеморација во Домот на културата.

Бора е роден во 1952 година во Чачак. Таму завршил основно и средно училиште. Пред две години Собранието на Чачак му ја додели титулата почесен граѓанин.

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на „Рибља Чорба“, почина на 4 септември во Љубљана.

„Драги пријатели, со тага и жалење ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки“, соопштија од групата.

Најпрво поради тешко воспаление на белите дробови заврши во болница во Љубљана, а потоа состојбата му се влоши и беше ставен на вентилатор. Групата претходно ги откажа сите настапи поради неговата здравствена состојба.

Слични објави

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо

Ѓани е итно опериран, вградени му се пет стентови: „Резултатите не беа добри“

Еспресо

Пукна љубовта меѓу светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис и атрактивната португалска глумица

Еспресо

„Ставете му микрофон со него“: Дарко Лазиќ со скршено срце го испрати братот Драган на вечниот починок

Еспресо

(Фото) „Докторот ми стави премногу филери, ми се спуштија до половина лице“! Српската убавица преживеала драма по естетска интервенција

Еспресо

(Фото) Четири месеци радост во домот на Миро Кацаров, малиот Тадеј расте опкружен со љубов

Еспресо
Се вчитува....