9.8 C
Скопје
21:50 - 4 февруари, 2026

„Бев слатка, а сега сум убава“: Јована Јеремиќ се снимала без шминка, а еве што ѝ признала на ќерка си

Српската водителка Јована Јеремиќ се снимала заедно со својата ќерка Леа, која по ред ѝ поставувала прашања.

Кога почнала темата за убавина, малата Леа ја прашала својата мајка дали отсекогаш имала руса коса и дали била убава, на што водителката одговори мошне искрено.

– Кога бев мала бев слатка, а сега сум убава. Ти си мојот ангел, гордоста на мама. Не бев секогаш вака русокоса, само за да знаеш – рекла Јована, а сите коментирале на социјалните мрежи дека е без шминка и опуштена, па ја пофалиле.

– Јована, браво за тоа што немаш никакви комплекси и што се фотографираш без шминка. Вака треба да се однесува секоја јавна личност, а убаво е кога некој дава таков пример и пред детето – бил само еден од коментарите.

Да потсетиме, поранешниот свршеник на водителката Јована Јеремиќ, Драган Станковиќ, продолжи да го живее животот со полни гради по раскинувањето, што може да се види од објавите на социјалните мрежи.

Драган Станковиќ неодамна се најде во друштво на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, а сега повторно се пофали на интернет кога позираше покрај Виктор Троицки.

Слични објави

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо

(Фото) Поранешната љубовница на Кеба се мажи: Фатена во златарница како избира прстен, еве кој е идниот младоженец

Еспресо
Се вчитува....