5.8 C
Скопје
23:10 - 20 февруари, 2026

Ана Николиќ и Рале ќе се венчаат на голем празник: Откриени деталите од венчавката, а еве како реагирала нејзината ќерка

Во регионалните медиуми изминатиот ден одекна веста дека пејачката Ана Николиќ ќе се мажи за својот избраник Горан Ратковиќ Рале.

Композиторот и пејачката сега ги открија деталите за венчавката што ја планираат и кажаа кога би можел да се случи овој свечен чин.

– Најверојатно ќе се венчаме на Видовден. Не зборувавме премногу за медениот месец, тоа е сосема „ад хок“ за нас. Веројатно ќе одиме кај неа во Доња Мутница , барем таму да ја искосиме тревата и барем сè да средиме – низ смеа рече Рале и продолжи:

– Не знаеме ни дали ќе биде голема свадба со многу гости. Јас сакам, а таа не, и најверојатно ќе заврши како што таа сака. Значи, помалку гости.

Николиќ зад себе го има бракот со Стефан Ѓуриќ Раста, со кој ја доби ќерката Тара, но нагласи дека никогаш не се омажила „пред Бога“.

– Никогаш не сум се венчала во црква. Се омажив само во општина и тајно, ова всушност ќе ми биде прва свадба – рече пејачката и откри како малата Тара реагирала кога слушнала дека мајка ѝ ќе се мажи:

– Тара е малку љубоморна и посесивна како секоја единица, ги брка сите што сакаат да се сликаат со мене, ги растерува кученцата во игротека, сите ѝ пречат. Ме потсетува малку на некого! – низ смеа раскажува Ана.

На прашањето како нивното опкружување реагирало на веста за венчавката, таа рече:

– Немаме опкружување!

Да потсетиме, како што веќе открија претходно, планот им е да се венчаат во манастирот Раковица, а Ана веќе отиде таму да се распраша за сите детали.

Слични објави

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо
Се вчитува....