04:56 - 8 април, 2026

Аца Лукас со шокантна исповед: Бев интимен со Ана Севиќ пред да се омажи за Дарко Лазиќ, а потоа и пред крајот на мојот брак

Српскиот фолк пејач Аца Лукас одлучи да открие сè за врската со српската водителка Ана Севиќ, која е поранешна сопруга на фолк пејачот Дарко Лазиќ. Лукас призна дека тој и Ана биле блиски, пишува српски „Курир“.

– Бев интимен со Ана Севиќ. Таа и јас бевме заедно пред таа да биде со Дарко, се видовме неколкупати. Потоа таа беше во врска со Дарко Лазиќ, па во брак. Потоа, кон крајот на мојот брак, се видовме, тоа е…“, рекол Лукас во еден здив.

– Не бевме во врска, се гледавме, така некако… Не знам како да го наречам, како сакаш… – додал Аца во емисијата „Претрес“.

– Се дружевме… Па, се гледавме пред нејзиниот брак, потоа таа се омажи, а потоа кон крајот на мојот брак повторно се видовме – заклучил Лукас за „Хајп“.

Да потсетиме, Аца Лукас ја разголи душата во својата автобиографска книга „Ова сум јас“ пред неколку години, а покрај бројните афери кои го придружуваа неговиот живот, пишуваше и за расправиите што ги имал со својата најголема љубов, Соња Вуксановиќ, која своевремено го кажала своето мислење за сето она што го објавил во јавноста.

Инаку, Ана Севиќ е водителка во „Ѕвездите на Гранд“.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....