21.8 C
Скопје
18:14 - 5 април, 2026

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Шведскиот рапер Нинос Хури, попознат како Габоро, трагично го загуби животот во пукање што се случи во четвртокот вечерта на паркинг, објавија локалните медиуми. На социјалните мрежи се појави шокантно видео кое, како што се наведува, ги прикажува моментите на убиството.

На видеото се гледа како мажот се обидува да побегне од вооружениот напаѓач, кој испука најмалку шест куршуми кон него. Во еден момент жртвата паѓа на земја, додека напаѓачот продолжува да пука. Иако полицијата сè уште не ја потврдила автентичноста на видеото, тој е дел од нивната истрага.

 


Инцидентот се случил во Норчепинг, град југозападно од Стокхолм.

Во соопштението објавено во петокот, полицијата потврди дека го истражува убиството на млад човек на 20-годишна возраст, кој им подлегна на повредите здобиени во пукање пред паркинг на гаража.

Шведската полиција апелира за сведоци и бара информации за сребрен караван којшто би можел да биде поврзан со случајот.

Голем број музичари и обожаватели се простија од Хури преку социјалните мрежи, додека полицијата продолжува со интензивната истрага за случајот.

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....