02:28 - 6 април, 2026

ВИДЕО: Фудбалер се соочи со бесот на навивачите откако го прослави голот на противничкиот тим

Фудбалерот на Шефилд вендзеј, Мозес Одубајо се соочува со обвиненија дека го прославил голот на противничкиот тим, Нотингем форест.

Неговиот тим е поразен на гостувањето со 2:0, а спорниот момент за навивачите на Шефилд вендзеј се случи по вториот гол на Нотингем во 87. минута. Според навивачите на Шефилд, Одубајо бил среќен по голот на противникот бидејќи на снимката се гледа како оди насмеан кон стрелецот Гребен и потоа му честита.

– Поразот е фрустрирачки за мене и за екипата. Никогаш не би му честитал на друг играч за постигнат гол против мојот тим. Му реков на Грабан дека нема шанси тоа да биде гол поради прекршокот и се насмеав мислејќи дека голот нема да биде признаен. Ние сме на дното на табелата, никој во клубот не сака да испаднеме и нема шанси да прославувам гол кој сè уште не држи на дното. Снимките може да дадат погрешна слика и се надевам дека се разбрав со навивачите кои се сомневаа во мојата лојалност кон тимот – се обиде да објасни Одубајо.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....