3.8 C
Скопје
20:20 - 21 декември, 2024

Почнува најдобриот Д Фестивал досега!

Утре, петок 30 јуни во 10:00 часот официјално започнува Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран.

Првите посетители на фестивалот веќе пристигнуваат и го исполнуваат дојранското крајбрежје, а уште денеска, ден пред официјалниот почеток се поставуваат и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на уметностите, мирот, слободата и заедништвото. Повеќе од 300 учесници во музичката и дополнителната програма, како и најголемиот интерес за влезниците навестуваат дека пред нас е најдоброто издание на Д Фестивал досега чија тридневна програма без престан ќе се одржува до 2 јули.

 

Повеќе од 50 концерти на светски и домашни музички ѕвезди

Во рамки на редовната музичка програмата Д Фестивал ќе биде домаќин на повеќе од 50 светски, регионални и домашни изведувачи кои ќе настапат на пет фестивалски бини и кои ја гарантираат совршената фестивалска атмосфера овој викенд во Дојран. Официјалното отварање е закажано на 30 јуни во петок и го предводат светските легенди на треш-метал музиката „Креатор“ од Германија, шпанската псај-техно хероина Индира Паганото, британскиот драм енд бејс гигант Рони Сајз, како и врвните претставници на домашната сцена „Фолтин“, Галоски, Страјк, ЛД Пистолеро, диџеј Гоце и Ронин. Првиот фестивалски ден ќе ни ги претстави и концертите на „Фулу Мизики“, „Даикаиџу“, „КОИКОИ“, Ива Лоренс, Беседа, „Максимус Вандал“, „Алис ин Вондербенд“, „Ленхарт Тејпс“, „Хајпертек“, Дарко Степиќ, Ермилова и Настасја Киш.

Со силно темпо продолжува и вториот ден на Д Фестивал, кога еуфоријата на публиката ќе ја одржува планетарниот хит-мејкер „Сигала“, домашниот музички гениј Кирил Џајковски, алтернативните „С.А.Р.С.“, фантастичниот стонер рок бенд „1000модс“ и техно принцезата „Ксениа“. Саботната треска на Д Фестивал доаѓа и со настапите на „Доуп Куќата“, Смоке Мардељано, Зарина Првасевда, „REYKO“, „Xarakiri“, Мартина Пенева, Coeus, Flooder, Visionary, Charley, E.U.E.R.P.I. и „АудиоЦигла“ во придружба на бенд.

 

За триумфално финале, последната вечер, 2 јули, ќе го испратиме годинешното издание на начин што најдобро му одговара – со забава до утринските часови заедно со Греми номинираното италијанско трио „МEDUZA“, дуото од златното доба на њујоршкиот хип-хоп „ONYX“, српската раперка Мими Мерцедез и со јубилејната прослава на домашните хардкор легенди „SMUT“. Енергичен поздрав на 13-тиот Д Фестивал ќе му приредат и „FUNK SHUI“, „Паркети“, Алина Паш, „Баклава“, „Peach Vice“, „С.А.М.“ „Димиш“, „Basement Cult“, „Red18“, Миа Перевска, „АудиоЦигла“, „Bon Praskiza“, „Matej Foltz“, „Princess Donatsu“,„Flexify“, „Bullz“, „Ogipsilon“, „Shorty P“ и „Irie Scratch“.

Бесплатен концерт на Симон Трпчески со МАКЕДОНИСИМО

Саботната вечер на Д Фестивал годинава вклучува и специјален концерт на светски признатиот македонски пијанист Симон Трпчески и неговиот музички проект „Македонисимо“. Овој квинтет ќе се претстави на Главната бина на 1 јули кога Д Фестивал ќе ги отвори своите врати со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ од 18:00 часот, а почетокот на концертот е закажан во 19:00 часот.

Бесплатниот концерт за време на Д Фестивал е неодолива можност сите да ја почувстуваат магијата на квинтетот „Македонисимо“ во поинаква атмосфера на зајдисонце покрај дојранското крајбрежје. Неприкосновениот талент на маестро Симон Трпчески заедно со извонредните Хидан Мамудов (кларинет, алто саксофон и кавал), Александар Краповски (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Влатко Нушев (удиралки) ветуваат вистинска прослава на македонската музика и традиција.

 

Повеќе од 200 учесници во „Плоштарт“ програмата на Д Фестивал

Д Фестифал е специфичен и единствен по својот програмски концепт кој вклучува многу повеќе од музика, па во склоп на дополнителната програма на Фестивалот посетителите имаат прилика да уживаат и да посетат бројни изложби, перформанси, кино, театар, дебати, работилници, арт-бутик, спорт, игри, натпревари и уште многу други активности распространети низ повеќе од 20 различни катчиња во ПЛОШТАРТ зоната – креативното јадро на Д Фестивал! Како гости во овој дел од програмата и задолжени за плејадата забавни содржини кои го создаваат есенцијалниот белег на овој уникатен фестивал, годинава во Дојран пристигнуваат голем број граѓански здруженија, младински организации, фестивали, уметници, експерти, креативци и културни дејци. Само дел од нив се: фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, „Чудна Шума“ со авторката Билјана Црвенковска, европскиот проект „МОСТ“, „Етернити Тату“, „Гоблин“, „КРИК“, „ЦИД“, „Новус“, Себесложувалка, „Хера“, „Еквалис“, „Куманово Скелетонс“, „Кајак Адвенчерс“ и многу други. Тука меѓу другото посетителите ќе најдат и медицински прегледи, масер, психолог, бербер, тарот читање, живи статуи, наградни квизови, кулинарски специјалитети и многу други фестивалски изненадувања.

Недела на Д ФЕСТИВАЛ: Семеен ден со бесплатна детска програма

Во рамки на Плоштарт, ќе се одржува и специјалната програма „Family Day“ наменета за најмалите и за сите кои сè уште знаат да се радуваат како деца. Покрај бројните активности кои ги спроведува „Чудна шума“, во овој дел од програмата ќе гостува и омилениот детски фестивал „Поточиња“ со настап кој на Д Фестивал ќе ја пренесе својата голема прослава за јубилејни 20 години постоење. „Family day“ исто така ќе се одржува со бесплатен влез за секое дете и еден негов старател.

Целосната програма на Д ФЕСТИВАЛ 2023 можете да ја најдете на овој линк.

Последна прилика за ПРОМО влезниците: до четврток, до полноќ!

Само уште денеска, до полноќ важат промотивните цени на влезниците за Д Фестивал, а истиот рок важи и за актуелната акција за групно купување на билетите, омилената „4+1“ во рамки на која за купени четири тридневни влезници се добива уште една влезница на подарок!

Од утре, петок почнуваат да важат полните цени за сите видови на билети:

ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ – 1600 денари

(цела програма за цел фестивал + КАМП место)

ТРИДНЕВЕН БИЛЕТ – 1500 денари

(цела програма за цел фестивал)

ЕДНОДНЕВЕН БИЛЕТ – 700 денари

(цела програма за еден ден)

КАМП МЕСТО – 500 денари

Сите влезници се достапни во продажба онлајн на официјалната веб страна на фестивалот dfestival.mk, во продажната мрежа на „МкТикетс“ и на фестивалските билетарници во Дојран.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....