0.8 C
Скопје
11:08 - 23 декември, 2024

Американец се заразил двапати од коронавирус, вториот пат едвај преживеал

Еден 25-годишен маж во Невада е идентификуван како првиот човек во САД што заболел двапати од Ковид-19, се наведува во студијата објавена во медицинското списание „Лансет”.

Откритието укажува на тоа дека заразувањето со вирусот „не може да гарантира целосен имунитет во сите случаи”, пишуваат авторите на студијата. Исто така, се доведува во прашање вредноста на кој било потенцијален извор или индикатор за имунитет – без разлика дали тоа е тестирање на антитела, употреба на крвна плазма како третман, или можеби дури и вакцина, вели Сем Бејкер од Аксиос.

Луѓето кои биле заразени „треба да преземат идентични мерки на претпазливост” како и оние кои никогаш не го имале вирусот, потенцираат истражувачите.

Случајот во Невада е петта потврдена реинфекција во светот, откако научниците ја документираа првото повторно заразување во Хонг Конг во август.

Пациентот од Невада првпат бил позитивен на тестот на 18 април, и повторно на 5 јуни. Во меѓувреме тој имал два негативни теста, се наведува во студијата.

Неговите симптоми биле потешки за време на втората инфекција.

Откритието може да има значителни импликации во однос на ефикасноста на потенцијалната вакцина против коронавирус, која можеби нема да резултира со ниво на имунитет од 100 отсто за сите лица, потенцираа истражувачите.

The post Американец се заразил двапати од коронавирус, вториот пат едвај преживеал appeared first on Слободен печат.


Американец се заразил двапати од коронавирус, вториот пат едвај преживеал was first posted on октомври 13, 2020 at 8:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....