09:25 - 2 април, 2025

Почина единствената ќерка на Хичког, ЖАЛЕШЕ ШТО ТАТКО Ѝ БИЛ ПРОТИВ НЕПОТИЗАМ

Режисерот Алфред Хичкок имаше само една ќерка која, на возраст од деведесет години, почина.

Патриша Хичкок, единствената ќерка на големиот Алфред, почина на 93 -годишна возраст во нејзиниот дом во Таузенд Оукс, Калифорнија. Родена во 1928 година, Пет Хичкок се појави во некои од филмовите на нејзиниот татко, вклучувајќи го и ремек -делото „Психо“.

Своевремено за славниот родител таа рече: „Посакувам да веруваше повеќе во непотизам, на тој начин ќе можев да снимам повеќе филмови со него, но тој избираше само актери за кои сметаше дека апсолутно се вклопуваат со улогата“.

Твитер

И покрај ова, Патриша глумеше во три филмови,  а беше дел и од од серијата „Алфред Хичкок презентира“ (1955-1962). Таа беше и продуцент на документарниот филм „The Man on Lincoln’s Nos“, дело кое беше номинирано за Оскар во 2001 година.

Во 2003 година ја објави книгата „Алма Хичкок: Жената зад човекот“ напишана заедно со Лоран Бузеро, а зад тој голем човек – таткото стоеше токму таа голема жена – мајката на Патриша, уредничка и сценаристка (Алма Ревил), на која ѝ беше посветен текстот.

Пет се омажи за Џозеф Е. О’Конел Jуниор во 1952 година, парот имаше три ќерки, Мери Алма Стоун, Тереза ​​Тере Каруба и Кетлин Кејти Фијала. Џо почина во 1994 година.

Слични објави

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо
Се вчитува....