7.8 C
Скопје
01:42 - 24 март, 2026

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ го покажа најхрабриот стајлинг: Ретко кој се осмелува да облече ваква комбинација

Колинда Грабар Китаровиќ во последно време сè повеќе го привклекува вниманието со своите модни комбинации.

Поранешната претседателка на Хрватска наметнува нови стандарди – дека грижата за себе, енергијата и модната храброст можат да дојдат со текот на годините.

Благодарение на впечатливите и внимателно одбрани модни изданија, Колинда Грабар Китаровиќ сè почесто се издвојува како модна инспирација за жените кои ја поминале 50-тата година.

Таа им го честитала Божиќна сите што го слават, а модната комбинација што ја избрала во таа пригода предизвикала вистинска лавина од коментари.

„Мирен, благословен и среќен Божиќ на сите од Загреб!“, напишала Колинда покрај фотографијата.

Колинда облекла животинскиот дезен врз животинскиот дезен – потег што многумина го сметаат за исклучително смел, но кој таа го изнела со леснотија.

 


Откако се посвети на себе и на своето здравје, Колинда изгледа подобро од кога било. Таа видливо ослабе, но уште позабележителна е новата енергија и полетноста што зрачат од неа. Токму оваа комбинација од самодоверба, насмевка и моден ризик прави нејзиниот изглед да предизвикува големо внимание.

Стајлингот го комплетирала со темнокафеави чизми, додека косата ја собрала, дополнително нагласувајќи го лицето и насмевката, што, според нејзините следбеници, бил „најдобриот моден детаљ“.

Коментарите под објавата се нижеле еден по друг – многумина истакнале дека „никогаш не изгледала толку витко“, додека други ја пофалиле за нејзината храброст и самодоверба.

Едно е сигурно: Колинда Грабар Китаровиќ уште еднаш покажа дека стилот не зависи од возраста, туку од ставот – а нејзиниот став ги освојува и модните критичари и социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....