21.8 C
Скопје
18:10 - 5 април, 2026

(Фото) Викторија Бекам со сензуална фотосесија промовира парфеми: Три миризби посветени на емоции за Дејвид

Викторија Бекам ја покажа својата блескава страна додека ја промовираше својата прва колекција на парфеми, која ќе се појави на полиците на 29 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Фотографиите за рекламната кампања на модната дизајнерка ги направи Стивен Клајн, кој неодамна направи спектакуларна фотосесија и со Зендаја.

Првата колекција на парфеми на Викторија Бекам вклучува три мириси. Секој од нив е поврзан со нејзините сеќавања и емоции, како што вели самата.

Поранешната „Спајс грл“ убавица и сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам, го лансираше својот истоимен моден бренд во 2008 година, а почна да продава козметика во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Сите три нови мириси вклучени во палетата се „дизајнирани да дадат увид во некои од најличните спомени на Викторија со Дејвид (48), при што секој мирис ги одразува нејзините сопствени сеќавања на искуства и атмосфери“ – се наведува во кампањата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Парфемите од 50 мл ќе се продаваат по цена од 207 долари, а парфемите од 100 мл ќе се продаваат за 299 долари.

„Секој мирис, инспириран од личните спомени на Викторија Бекам, ги отелотворува нотите на одредена ера во нејзиниот живот и ги проектира во нашите колективни сеќавања“, се вели во соопштението на брендот.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....