11:20 - 23 февруари, 2026

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ има рак на дојка: „Ова е нешто што морам да го победам!“

Никол Егарт, 51-годишната ѕвезда од култната серија „Чувари на плажата“, во понеделникот откри дека во декември 2023 година ѝ бил дијагностициран хибриформен карцином во стадиум 2.

Таа изјави за People дека мислела дека нејзините симптоми се знаци на менопауза, додавајќи дека за три месеци се здебелила 11 килограми и дека во октомври почувствувала „страшна болка“ во левата града.

Откако ја открила грутката при преглед, се јавила на лекар.

– Навистина пулсираше и болеше – објаснила актерката.

– Веднаш отидов кај мојот матичен лекар, а таа ми рече дека морам веднаш да одам на преглед – раскажа Егарт.

Инаку, Егарт имала потешкотии да закаже преглед кај специјалист затоа што „секогаш било закажано“, па „морала да чека до крајот на ноември за да се заврши со прегледот“. Иако мамограмот и трите биопсии потврдиле дека има рак на дојка, таа се уште не знаела дали болеста се проширила и на другите делови од телото.

Мајката на две деца ќе мора да оди на операција и во моментов чека онкологот да утврди кога ќе почне со хемотерапија и зрачење.

– Тука е. Треба да се извади. Прашањето е дали треба да го направам третманот пред операцијата или прво треба да се направи операција за да можам да го продолжам лекувањето – објаснува Егарт.

Сепак, нејзиниот „најголем страв“ е како тоа ќе го прифатат ќерките Киган (12) и Дилин (25), пренесува Page Six.

– Дилин е возрасна, но јас дома имам 12-годишна ќерка на која јас сум ѝ единствен старател. Јас немам семејство. Немам ништо – се пожалила глумицата. Дополнително, Егарт се присети на „ужасот“ на лицето на Киган кога ѝ ја кажа дијагнозата. Тогаш сфатила дека „нема препуштање на болеста“.

– Ова е нешто низ што треба да поминам. Ова е нешто што морам да го надминам. Неа ѝ требам повеќе од се и секого – изјавила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Eggert (@_nicole_eggert)

Егарт, исто така, им кажала на слушателите на подкастот „Perfectly Twisted“ дека прави мамографија секоја година, секој декември, но исто така открила дека „жали што ставила импланти“ на градите.

Инаку, продуцентот на „Чувари на плажа“, Мајкл Бурк, претходно тврдеше дека Егарт за време на снимањето на серијата во деведесетите ги зголемила градите за да „биде во чекор“ со нејзината „добро обдарена“ колешка Памела Андерсон.

Една од пријателите на Егарт, Минди Молинари, лансираше страница GoFundMe за да и помогне на актерката да се справи со претстојниот финансиски товар.

– Eгарт е упорна и секогаш наоѓала начини да се снајде, но ова е поинаку – објасни Молинари.

 

Слични објави

„Лукас нека не се гржи, никој нема да го убие“: Жељко Шашиќ искрено за случувањата на естрадата

E.A.

(Фото) „Растеме“: Едита Арадиновиќ облечена во тесни хеланки го покажа трудничкиот стомак

Еспресо

Се огласи Ѓоле Ѓогани по шокантните гласини за развод и напуштање на семејниот дом

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Скорпиите да бидат внимателни околу соработниците, Јарците ги очекува многу стрес

Еспресо

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се омажи во тајност: „Ме чекаше 15 години, но вредеше“

Еспресо

„Ќе му ги скршам двете нозе“: Десингерица шокираше со изјавата среде шоуто „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо
Се вчитува....