4.8 C
Скопје
14:10 - 21 февруари, 2026

Ѕвездата на „Господар на прстените“ го искритикува кралското семејство: „Хари нема пријатели, а Чарлс е истрауматизиран“

Британскиот актер Ијан Меккелен ги сподели своите многу искрени ставови за британското кралско семејство. Во интервјуто за Тајм објавено на 6 септември, принцот Хари доби најмногу пофални зборови, ама и критики.

Меккелен се повреди откако пред неколку недели падна од сцената на лондонскиот театар, а сега се опоравува од повредата во својот пријатен дом во Лондон. Во разговор со Мајкл Одел, новинар од Тајм, ѕвездата на Господарот на прстените критикуваше некои членови на британското кралско семејство. Тој ја нарече кралицата Елизабета Втора, со која лично се сретнал неколку пати и која му го врачи орденот Витез на честа во 2008 година, „груба“.

„Им симнувам капа на оние кои успеаја да останат здрави во овој свет. Како што успеа да го направи тоа покојниот војвода од Единбург, иако дури и тој беше длабоко, длабоко ексцентричен и, се сомневам, длабоко несреќен. Така е и со сегашниот крал. Изгледа дека преживеал, но очигледно е истрауматизиран“, продолжи актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ian McKellen (@ianmckellen)

Но, најмногу од се зборуваше за принцот Хари, истакнувајќи дека го поддржува: “Дефинитивно сум на страната на Хари. Замислете да сум роден во кралското семејство. Јас како актер можам да направам малку јавни работи, но овие луѓе се во затвор. Тие не можат да направат ништо нормално. Можете ли да замислите дека треба да бидете добри со сите со кои разговарате?“

„Што се однесува до Хари, тој веројатно не е доволно паметен или нема соодветни пријатели за вистински да си помогне. Имајте предвид, тој имаше свој избор од сите убави жени на светот. Се надевам дека ја избрал онаа што го сака“, мислејќи на бракот на принцот со поранешната актерка Меган Маркл.

Потсетуваме, во 2020 година, најмладиот син на кралот Чарлс III и неговото семејство се преселија да живеат во Соединетите држави. По ова, односот на принцот Хари со неговите роднини само се влоши.

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....