-2.2 C
Скопје
20:09 - 22 декември, 2024

Зошто Кинезите трошат многу кондоми, зошто луѓето не требаше да се затвораат дома и како правилно постапи Путин? Германски виролог со објаснувања за короната

Колку е страшен вториот бран? Кога ќе пристигне вакцината? На овие прашања одговора водечкиот германски виролог Карин Мoлинг за Ној Цурихер Цајтунг (Neue Zürcher Zeitung –NZZ).

-По релаксираното корона лето, се приближува остра зима: бројот на инфекциите експлодираше, повторно се воведоа рестрикции. Вакцината може да помогне, но кога ќе дојде? Германскиот виролог Карин Молинг предупреди за преголемите очекувања: Никогаш не сме произвеле вакцина за три милијарди луѓе. Ова ќе води кон проблеми. „Мулинг која 20 години не се ракувала, знае за што зборува: таа беше директор на Институтот за Медицинска вирологија при Универзитетот во Цирих и водела истражувања на Институтот Макс Планк во Берлин над 20 години. Во најновото издание на „НЗЗ Стандпункте“ таа зборуваше за активистите против вакцините и објасни како Кинезите се заштитуваат себеси со кондоми.

-Има многу работи што уште не ни се познати, вели Молинг. Иако научни публикации во моментов има премногу, не сите прашања се одговорени. На пример, има постари пациенти кои по една недела заминуваат од болница целосно здрави, додека други паѓаа по само неколку дена. Факторите кои придонесуваат за ширење постојано се дополнуваат. Загадувањето на воздухот во поголемите градови секако допринесува кон ова, вели Мулинг – и состојбата со домувањето има голем удел. Вирусот САРС се ширеше низ Кина во 2003 година, посебно во лифтовите на многуте висококатници. Оние кои живеат на 20-тиот кат не можат едноставно да одат пешки по скали, вели Муелинг. Тогаш, таа забележала ваков феномен меѓу Кинезите: многумина од нив купувале кондоми, не за сексуална употреба, туку за да ставаат на прстите кога ги притискаат копчињата во лифтот.

Но коронавирусот е друга категорија: „Јас искусив многу пандемии, но не мислев дека вакво нешто е возможно“, вели експертот. Вирусот е побрз и многи поинфективен отколку што првично се мислеѓе – 10 пати повеќе заразен од грипот. Ги надмина сите очекувања.

„Пандемијата ни се лизна од раце“. Како никогаш претходно, се смета за грешка тоа што луѓето се заклучија во своите домови. Луѓето мора да излегуваат на свеж воздух, вели таа. Тоа е поздраво, вели таа. Сонцето уништува многу вируси со својата ултравиолетова светлина, и воздухот ја разбива неговата концентрација. Во становите, ризикот поради тоа е значително повисок.

Противници на вакцинацијата? Путин покажа како се прави тоа

Но Молинг се залага за вирусите. „Ние ги гледаме само како носители на болести, но тие ја водат еволуцијата напред и се дел од нашето генетско наследство“. На пример, нашите клетки научиле од нив како се одбранат од вирусите. Фактот дека еден вид како што е човекот се подложува на сè, никогаш не постоел во историјата. Вирусите сега не принудуваат да размислиме. „Тие ни покажуваат кој е главен. Само едно нешто што никогаш нема да го сторат – да не искоренат. „Ако држиме дистанца, тие не фаќаат.

Дури и ако Молинг предупредува на претераните очекувања, таа сепак е задоволна од неодамнешните успеси. „Доаѓам од истражување за СИДА, ние не најдовме вакцина веќе четириесет години“. Вирусот ХИВ им бега на истражувачите со својата висока стапка на мутација. Со коронавирусот, тоа е различно. Мутира многу побавно. Затоа е можно вештачки да се произведуваат антитела и на тој начин да се заштити популацијата. „Се надевам дека ќе ја искачиме планината до крајот на следната година.

Интересно ќе биде убедувањето на скептиците кои ги има во многу голем број како да се вакцинираат. Молинг се надева дека публицитетот на луѓето ќе придонесе да се подигне вниманието за важноста од вакцинирање. Добар пример е Владимир Путин: тој ја покажа својата ќерка како се вакцинира од руската вакцина против корона. „Тоа им покажа порака на сите: Путин сака да си ја заштити ќерката“.
Дополнително, неопходно е да се избегне конфузијата која сега се шири за заштитните маски. „Наместо да им велиме на луѓето дека можат сами да си ги сошијат маските или дека не се од голема корист, некој треба искрено да им каже: Ние ги немаме“. Многу е важно да се информира јасно јавноста. Ова е единствен начин како да се бориме со пандемијата“.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....