7.8 C
Скопје
00:49 - 31 март, 2026

Згасна еден млад живот – Виктор Барбутов, душа планина, секогаш насмеан со милна песна и убав збор

Македонската фолк естрада е во шок по веста дека починал младиот пејач Виктор Барбутов.

– Сабајлево почина фолк пејачот на групата „Амајлија“ од Скопје Виктор Барбутов. Како што дознаваме пред тоа немал здраствени проблеми, ноќва се пожалил на главоболки и бил однесен на брза помош каде и починал од мозочен удар, објави порталот Естрада плус.

На социјалните мрежи неговите пријатели и колеги немаат зборови за утеха по прерано згаснатиот живот.

„Најдоброто младо и секогаш насмеано момче, почитуван и сакан и од ученици и од колеги. Тивко згасна колега , ќе недостасуваш многу , твојата насмевка , позитивна енергија и твојот убав збор. Вечно ќе те паметам , почивај во мир“, пишува во сочувството што го изразуваат пријатели на младиот пејач.

Виктор беше и член на поранешната група „Фантазија“ со која ја испеја песната „Земјо пресвета“.

„Можеби најдобриот колега што сум го имала (со уште 2, 3 исклучоци плус). Скромен, а голем. Добар збор за секого, утеха, совет. Уште една душа планина, на небото замина. Зошто баш тој, зошто кога беше здрав, без лоши навики и пороци? Прашања што секогаш остануваат неодговорени кога некој нė напушта од овој свет. Ама никако да научиме дека 5 минути трае животов и дека сė што се бара од нас е да бидеме луѓе, онакви какви што сме се родиле. А, по пат, многумина се претвораат во ѕверови. Виктор замина како ангел. Сочувство до семејството и блиските“, пишува Мими Стојановска.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....