1.8 C
Скопје
00:45 - 11 март, 2026

Заробени медиуми – Спортски коментатор експресно добил отказ, спомнал име на фудбалер наводно поврзан со Фетулах Ѓулен

Коментатор на турската државна телевизија, ТРТ, добил отказ на полувремето од натпреварот Мароко-Канада.

Во текот на првиот дел коментаторот го спомнал името на Хакан Шукур, кого актуелната власт го обвини дека учествувал во пучот против претседателот Реџеп таип Ердоган во 2016 година. Турската влада го поврза Шукур со големиот сопреник на Ердоган, Фетулах Ѓулен.

Мароко ја победи Канада со 2:1 и се пласира во осминафиналето. Првиот гол Мароканците го постигнаа во четвртата минута преку Хаким Зијеш.

Коментаторот, Алпер Бакирчигил, ги потсетил гледачите дека во 2002 година, Хакан Шукур го постигна најбрзиот гол во историјата на Светските првенства.

Второто полувреме го коментирал неговиот колега. Бакирчигил добил отказ на полувремето.

„Ме отпуштија од ТРТ, каде што гордо работев со години, по она што се случи додека го коментирав натпреварот Мароко-Камерун“, објави водителот на Твитер.

Хакан Шукур со семејството избега од Турција во 2017 година.

„Не ми остана ништо. Ердоган зеде сè: моето право на слобода, говор и право на работа“, изјави Шукур во 2020 година за германскиот весник „Welt Am Sontag“.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....