24.8 C
Скопје
12:20 - 25 септември, 2024

Загриженоста расте за „посвоената“ ќерка на Паф Диди: Законски не ѝ бил старател

Благосостојбата на „посвоената“ ќерка на Диди предизвикува загриженост кај обожавателите
Диди тврдеше дека посвоил девојче по име Ава во 2020 година.

Обвиннијата против Шон Диди Комбс оставија многу луѓе загрижени за благосостојбата на неговите жртви, но можеби ништо повеќе од неговата „посвоена“ ќерка, но излезе дека тој никогаш не бил законски нејзин старател.

54-годишниот музичар е обвинет за трговија со луѓе и рекетирање, додека исто така има наводи за сериозна сексуална злоупотреба, како што се силување, ментална злоупотреба и физичко малтретирање на партнери и соработници.

Тој беше уапсен од страна на Министерството за домашна безбедност на Соединетите држави на 16 септември, а откупот на затворската казна му е одбиен и покрај тоа што даде 50 милиони долари кога ги негирашеобвиненијата против него со тоа што се изјасни за невин. Сега го чека судење.

Приказната за неговото злоставување е целосно разоткриена откако неговата поранешна девојка Каси Вентура, поднесе правна постапка против него во ноември 2023 година, пред да се пресели само еден ден подоцна во Њујорк, бидејќи безброј други луѓе се појавија со обвинувања.

А сега повторно се појави видео од 2020 година од неговата „посвоена“ ќерка и ги остави фановите загрижени за нејзината безбедност и нејзината благосостојба, особено откако се дозна дека не ѝ е родител ни легнално и биолошки.

ТМЗ објави дека тој никогаш не ја посвоил легално, и покрај тоа што позираше како ја бакнува во образ тврдјќи дека има дозвола од нејзината мајка да ја посвои. Тој се обиде да тврди дека таа била бездомник објаснувајќи дека  „тато Комбс одлучи дека тој ќе биде грижлив човек“ (мислејќи на тоа дека ќе се грижи за малолетното девојче).

Сепак, девојката по име Ава има семејство за кое ТМЗ вели дека се грижи за неа и дека ќерките на Комбс ги познава уште од мали нозе. Ава останува пријателка со нив, која Комбс всушност ја запознал преку нејзината мајка Ким Портер, но Диди никогаш не бил нејзин старател.

Д’Лила и Џеси, кои се близнаци, допрва треба да ги обелоденат наводите за злоставување против нивниот татко во Њујорк, а моментно се повлекоа во Лос Анџелес, каде Комбс има имот што беше претресен од полицијата на почетокот на 2024 година.

Комбс се појави пред Окружниот суд на САД во Њујорк поради обвинувања за сексуална трговија и рекет. Обвинителите, исто така, тврдат дека тој бил вмешан во киднапирања, принудна работа, поткуп и други злосторства.

Комбс се соочува со минимум 15 години затвор, но не е невозможно и да добие доживотен затвор, иако тој ги негира обвиненијата и се изјасни за невин пред судот.

Тој повторно ќе се појави на суд во среда, на 9 октомври, каде што ќе побара уште еднаш обврзница (да плати за да избегне затвор) откако двапати беше одбиен во интерес на јавната безбедност, според обвинителството.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Доцен развој на говорот кај децата – дијагностика и дилеми

еспресо

Познато е кои ѕвезди се дружеле на раскалашните забави со Диди Комбс: Ќе се изненадите од уплашените од судска постапка

еспресо

И без Саша Поповиќ кој „командува“ од кревет: Еве кои се промените и кога почнуваат „Ѕвездите на Гранд“

еспресо

Хороскоп за 25 септември: За Девиците високи резултати, за Стрелците неочекувани трошоци

еспресо

Универзумот стави на „црна листа“ четири хороскопски знаци: Еве кој нема да има среќа овие денови

еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Се огласија Анастасија и свекрвата, а една фотографија ги разнежи сите 

Еспресо
Се вчитува....