7.8 C
Скопје
01:28 - 31 март, 2026

За време на првата фестивалска вечер на „Пиво Фест 2022“, Прилеп го посетија повеќе од 30.000 посетители

Вчера, со настапите на прилепчаните Елена Петреска, групата Балканика и Ален Хасановиќ започна 18. издание на „Пиво Фест 2022“.
Прилепчани и гостите од другите градови уживаа во изведбите на македонски хитови, развиореното македонско знаме, прилепската скара и ладното пиво.

Штандовите беа преполни со посетители, а забавата која започна во 18 часот, кулминираше со настапот на Џамбо Агушеви оркестра и заврши со забава на алтернативната сцена до раните утрински часови.

Фестивалот покажа дека навистина во изминативе две години и недостасуваше на македонската публика. Тоа го потврдија и бројките на посетеност, на двете сцени во текот на целата вечер.
Првата вечер помина во најдобар ред, без никави проблеми, а сабајлево градот блесна во сиот сјај, подготвен да ги пречека новите гости и изведувачи, кои од рано утрово пристигнуваат.

.Вечерва, програмата почнува во 19 часот, со настапот на Рок Блуз Бенд, потоа следуваат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ареа, Дивље Јагоде и Брас Брадрс, а на алтернативната сцена настапуваат Dj Anna Noodle и Dj Lili Diva.
Само за време на првата фестивалска вечер Прилеп го посетија повеќе од 30.000 посетители.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....